Фудбал
ИМАШЕ ЛИ ПЕНАЛ ЗА КРИСТАЛ ПАЛАС НА 2:2?
Објавено на: 10.08.2025
Кристал Палас успеа да биде несовладан по регуларните 90 минути, играјќи 2:2 со Ливерпул, но се чини дека лондончани може да жалат зошто немаа шанса од пенал да зголемат на 3:2 откако Мекалистер играше со рака.
На нафрлена топка кон Сар, кој стрелаше за 2:2 на Вембли, Мекалистер во скок играше со рака и ја „смири“ пред играчот на Палас, но од ВАР собата не стигна повик за проверка.