КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – НАЈКИ ЌЕ ГИ ОБЛЕКУВА КОЦКАСТИТЕ ДО МУНДИЈАЛОТ 2026, А ПОТОА…
Објавено на: 11.08.2025
Фудбалската федерација на Хрватска е блиску да постигне договор со „Адидас“ околу преземањето на изработување на опремата и дресовите на Коцкастите. По цели 26 години, Хрватска и „Најки“ ќе стават крај на соработката, а последниот танц на Хрватите облечени во американскиот бренд за спортка опрема ќе го имаат на Мундијалот 2026 во САД, Канада и Мексико.
Соработката меѓу „Најки“ и Хрватска почна од новиот милениум, па за првпат од 2000-тата година друг бренд ќе ги изработува дизајните на дресовите со кои играат популарните Коцкасти. Влегувањето на „Адидас“ ќе значи дека германскиот бренд ќе покрива дури четири репрезентации од топ 10 во светот, како што се Аргентина, Шпанија и Белгија, како и Хрватска од септември 2026 година.
Причината за оваа голема промена е поради што „Адидас“ понуда многу побогат договор во однос на конкурентите „Најки“ и „Пума“, инаку Хрватите досега наплаќаа меѓу еден и два милиони евра годишно за спонзорствата на „Најки“.
Од новата соработка се очекува „Адидас“ да има полесен пристап и до клупскиот фудбал во Хрватска, каде клубовите би ги искористиле бенефитите за да склучат договори со германскиот бренд околу изработка на дресови и опрема. До неодамна Динамо Загреб се облекуваше со „Адидас“, а моментално дресовите на Модрите ги изработува брендот „Касторе“.