Кошарка

ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ ШАРУНАС Е ПОДОБАР ОД ДРАЖЕН

Легендарниот американски кошаркар и член на првиот оригинален Дрим тим од 1992-та година, Крис Малин во интервју за подкастот „Наклхедс“ изјави дека најдобриот европски кошаркар на сите времиња доаѓа од Литванија:

Тој беше многу силен кошаркар, можеше се да направи со топката. Секоја чест на Дражен, но според мене најдобар европски кошаркар на сите времиња е Шарунас Марчуљонис. Можеше да игра каде сака, сите го бараа, но тој се реши за Вориорс.

Малин и Марчуљонис играа заедно во франшизата Голден Стејт.