ЗА НЕКОИ ПРЕМИЕРЛИГАШКИ ЅВЕЗДИ ИМА ЕДЕН НЕОСВОИВ „ТРОФЕЈ“ – СИДНИ СВИНИ
Објавено на: 04.08.2025
Бројни премиерлигашки ѕвезди изминатиов период се пуштиле во неуспешен поход да го освојат срцето на познатата американска актерка, Сидни Свини, пишува британскиот медиум „Сан“.
Според извори на весникот, Сидни секојдневно културно ги одбива засега неименуваните фудбалери од најатрактивната лига во Европа кои ѝ пишуваат пораки на Инстаграм, со образложение дека сака да ужива во животот по раскинувањето на веридбата со холивудскиот продуцент, Џонатан Давино. Фудбалерите од англиското првенство дури ја канеле на патувања низ Европа, се обидувале да ја најдат нејзината домашна адреса за да ѝ испратат букет цвеќе, меѓутоа таа сите ги одбила.
Најмногу ѝ пишувале членови на гигантите Манчестер јунајтед, Ливерпул и Арсенал. Имало и такви кои после одбивањето инсистирале и тешко го прифаќале одбивањето, па го менувале односот и со некултурни напади се обидувале да ја омаловажат, по што им следувал блок од страна на Сидни.
27-годишната холивудска ѕвезда доби на популарност откако се појави во серијата „Еуфорија“, пред сè поради нејзините атрактивни облини. Во изминатиов период се соочува со негативен фидбек по рекламата на „Американ Игл“ за џинс, но има и доста фанови кои ја бранат и неа и кампањата на американскиот бренд за облека од тексасен материјал.