Фудбал

КОИ ЕВРОПСКИ ГИГАНТИ ИГРААТ ВО НАЈСКАПА ОПРЕМА?

Дали е поради инфлација или едноставно се работи за огромна популарност, фудбалските гиганти од година во година договораат сè побогати соработки со најпознатите брендови за спортска опрема.

Најки, Адидас и Пума се фронтмените кои ги облeкуваат фудбалските ѕвезди, а моментално има четири клуба со над 100-милионски договори, тоа се Манчестер јунајтед и Манчестер сити, Барселона и Реал Мадрид.

Па, да видиме кој најмногу инкасира:

  1. Реал Мадрид (Адидас) – 126 милиони евра
  2. Барселона (Најки) – 120 милиони евра
  3. Манчестер сити (Пума) – 115 милиони евра
  4. Манчестер јунајтед (Адидас) – 103 милиони евра
  5. Арсенал (Најки) – 86 милиони евра
  6. Ливерпул (Адидас) – 69 милиони евра
  7. Челси (Најки) – 69 милиони евра
  8. Јувентус (Адидас) – 53 милиони евра
  9. Баерн Минхен (Адидас) – 49 милиони евра
  10. Тотенхем (Најки) – 34,5 милиони евра

*Профитот се смета на годишно ниво

Ливерпул ова лето ги смени Најки и се врати на Адидас и многу повеќе пари за спонзорската соработка, додека Манчестер сити ја обнови соработката со Пума на уште 10 години и стана трет клуб во светот по заработка. Шпанските гиганти отсекогаш ги имале најбогатите договори поради својата популарност на планетарно ниво.