ТРУДНАТА СОПРУГА НА ГАЛИНАРИ ПРЕЖИВЕА НАПАД ОД АЈКУЛА ВО ПОРТОРИКО
Објавено на: 01.08.2025
Eлеонора Бои, сопругата на Данило Галинари кој беше поранешната НБА-ѕвезда и репрезентативец на Италија, преживеала напад од ајкула додека се капела во водите на Атлантскиот Океан на плажа во Порторико.
Според информациите на порториканските медиуми, сопругата се здобила со отворена рана на бутот од ногата, а се работи за сериозен загриз. Избегата е голема трагерија поради фактот што Елеонора моментално е трудна, откако по брзата интервенција била пренесена во болницата на Универзитетот на Порторико во Каролина и е во стабилна состојба.
Според локалната полиција, причината за нападот е поради што во овој период ајкулите се размножуваат и пливаат во поплитките води, па затоа е испратено предупредување до јавноста за претпазливост доколку некој сака да се капи во атлантските води.
Инаку, Галинари моментално е член на порториканскиот тим Вакерос де Бајамон, откако поголемиот дел од кариерата го мина во различни екипи во НБА.