Фудбал

ГЕРМАНСКИОТ ПРВАК ГО ПРЕТСТАВИ ТРЕТОТО НАЈСКАПО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО КЛУПСКАТА ИСТОРИЈА (ФОТО)

Луис Дијас и официјално е новата ѕвезда на Баерн Минхен, откако денес го комплетираше трансферот во редовите на германскиот првак доаѓајќи од Ливерпул за сума од 75 милиони евра.

Колумбискиот крилен офанзивец потпиша четиригодишен договор со Баварците, додека сумата за која пристигна на „Алијанц арена“ го прави Дијас трет најскап трансфер во историјата на Баерн. Пред него се само Хари Кејн (100 милиони евра) и Лукас Ернандес (80 милиони евра).

Што се однесува до Баерн, односно Венсан Компани, стратегот конечно доби крилен офанзивец кој ќе ја исполни празнината која ја остави Лирој Сане, откако клубот претходно летово не успеа да реализира ниту еден од најавените трансфери на Флорија Вирц и Нико Вилијамс.

Дијас за Ливерпул запиша 148 настапи со учинок од 41 погодок и 23 асистенции, освојувајќи трофеи во Премиер лигата, Карабао Купот и ФА Купот.