Фудбал

ПОВЕЌЕ ОД 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – ГВАРДИОЛА Е ТРЕНЕРОТ СО НАЈМНОГУ ПОТРОШЕНИ ПАРИ НА ТРАНСФЕРИ

Манчестер сити денес го официјализираше трансферот на Џејмс Трафорд, голманот кој пристигна од Барнли, а воедно е „матурант“ токму од академијата на Граѓаните. За услугите на англискиот голман Сити плати нешто повеќе од 31 милион евра и тој е шестиот нов играч кој гигантот од Манчестер го доведе во овој преоден рок.

Со трансферот на Трафорд, се потврди еден интересен и доста скап податок во врска со Пеп Гвардиола. Имено, каталонскиот стратег е првиот тренер кој надмина сума од 2 милијарди евра потрошени на трансфери во текот на целата негова кариера.

Предводејќи ги Барселона, Баерн Минхен и од летото 2016 година Манчестер сити, управите на овие три клуба имаат потрошено вкупно 2,02 милијарди евра за да му ги исполнат желбите на Гвардиола.

По него следува Диего Симеоне со 1,31 милијарда евра, сума која исто така е астрономска, но е далеку помалку во однос на Пеп. Во топ 5 тренери со најмногу потрошени пари за трансфери уште се Максимилијано Алерги (1,2 милијарди), Томас Тухел (1,19 милијарди) и Антонио Конте (1,16 милијарди евра).