Фудбал

СÈ ПОЧЕСТА ПРАКСА: ГИБРАЛТАРЦИТЕ ЈА СВЕТНАА СОБЛЕКУВАЛНАТА НА ЗАМИНУВАЊЕ (ФОТО)

Гибралтарскиот шампион Линколн вчера го заврши учеството во квалификациите за Лигата на шампионите, откако во двомечот против Црвена зведа загуби со вкупен резултат од 6-1 (5-1 во реваншот во Белград). Сепак, тешкиот пораз не ги спречи фудбалерите на Линколн да покажат човечност и достоинствено да го напуштат спортскиот комплекс на српскиот првак.

На официјалниот твитер-профил, Линколн објави „светната“ соблекувална и им посака среќа на Црвено-белите во следната рунда од квалификациите.

„Соблекувалната ја напуштаме без ниту една дамка. Благодарност до Црвена звезда за гостопримството и им посакуваме среќа во следната рунда“, пишува на објавата на гибралтарскиот клуб.

Иако ова станува сè почеста пракса на треднот кој според многумина го започнаа јапонски спортисти, сепак е потег за почит.