МАРЕСКА СЕ ОБИДЕ ДА ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ТИМ КАКО ЖРТВА, ПА ОНЕМЕ ПО ОДГОВОРОТ НА НОВИНАРОТ (ВИДЕО)
Објавено на: 08.07.2025
Челси и Флуминенсе вечерва ќе одлучлуваат кој ќе биде првиот финалист на Светското клупско првенство во новиот формат на натпреварувањето, а како што е редот ден претходно се одржуваат прес-конференциите на двете екипи.
Ензо Мареска, тренерот на Сините, се обиде да го претстави својот тим како жртва поради големиот број на натпревари кои Челси ги одигра во текот на сезоната, но онеме по одговорот на еден од присутните новинари во прес-собата. Наводно, физичката состојба на екипите е различна, но не како што замислуваше италијанскиот стратег.
„За мене лично најголем проблем е состојбата во која ние дојдовме на овој турнир, во однос на нивната. Ние одигравме 63 официјални натпревари во текот на сезоната, исто како и повеќето европски учесници. Разликата е во бројот на натпревари кои одигравме во изминатиот период, така што не сме во иста физичка состојба како бразилските тимови“, изјави Мареска.
Бразилскиот новинар потоа го шокира Мареска:
„Да, но Флуминенсе во истиот период одигра 70 натпревари, повеќе од вашиот тим“, се надоврза новинарот.
Бледата реакција на италијанскиот тренер може да ја видите во видеото во прилог:
🚨 UNREAL!
Maresca: “We’ve played 63 games this season! European teams come into this competition differently than South American teams. The conditions are different…”
Journalist: “Fluminense has played 70 games this season, in the same span.”
😂
— Polymarket FC (@PolymarketFC) July 7, 2025