Кошарка

ЏОКЕРОТ ОДБИ НОВ ДОГОВОР ОД ДЕНВЕР: САКА ПОВЕЌЕ ПАРИ ИЛИ ВЕЌЕ Е ВО КАЛИФОРНИЈА СО МИСЛИТЕ?

Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ, одби да го продолжи договорот со Денвер нагетс. Понудата од 212 милиони долари за три години наводно не е доволна за Џокерот, па американските медиуми најавија дека ќе чека да му истече актуелната соработка, за следното лето да може да добие побогата понуда.

Во новата сезона, Јокиќ ќе ја игра последната година од договорот со Нагетс, а во летото 2026 година може да добие 80 милиони долари повеќе од актуелната понуда која ја одби. Со оглед на тоа дека е еден од најплатените играчи во НБА, постои сомнеж дека единствената причина за одбивање на новиот договор се парите.

На големо се шпекулира дека Јокиќ би можел да ја промени средината во блиска иднина, а ЛА лејкерс и Калифорнија да бидат неговата следна дестинација, каде би формирал балканско дуо со Лука Дончиќ, негвоиот добар пријател.

За да се разјасни целата сага, ќе мора да почекаме до следното лето.