ИВАН Е ФАНТАЗИ ВЕТЕРАН, НО СЕПАК МУ БЕШЕ ПОТРЕБНА И ДОЗА НА СРЕЌА ЗА ДА БИДЕ ВТОРИОТ НАЈДОБАР ФАНТАЗЕР ЗА СЕЗОНАТА 2024/25!
Објавено на: 08.07.2025
Иван Мишев од Струмица беше многу блиску да биде шампион во втората сезона на Фантази Златна Копачка лигата, но за еден поен помалку мораше да се задоволи со второто место, кое сепак му донесе фантастичен подарок – PlayStation 5!
Вкупно 2.639 поени во Генералниот пласман му го обезбедија второто место, што навистина е импресивно ако се земе во предвид дека имаше огромна конкуренција со повеќе од 4.000 членови на нашата лига.
Како стигна да биде нашиот втор најдобар фантазер за сезоната 2024/25, Иван накратко ни раскажа во продолжение:
Колку време играш Фантази и дали ова ти беше прва сезона во лигата на Златна Копачка?
Прво би сакал да се заблагодарам за подарокот, навистина убаво ме изненадивте. Фантази играм цели 10 години, но дури оваа сезона дебитирав во вашата лига. Иако конкуренцијата беше голем, сепак со труд и посветеност стигнав до второто место во Генералниот пласман.
Која ти беше стратегијата за да стигнеш до висок број на поени?
Искрено, немав конкретна стратегија. Само редовно ги следев информациите поврзани со натпреварите и играчите од Премиер лигата, за да можам да правам измени во тимот. Имав и доста среќа во одредени моменти, па ете успеав да стигнам до второто место.
Доста фантазери беа лојални на еден капитен, дали и ти си еден од нив?
Тешко е да играш со еден капитен во текот на целата сезона. Јас лично честопати го менував капитенот, што е нормално доколку сакаш да собереш што е можно повеќе поени. Мора да се земаат во предвид натпреварите, повреди, ефикасност на играчите против одредени екипи и слично.
Дали првпат добиваш подарок во ваков тип на акции?
Да, како што кажав ја пропуштив ланската сезона, но овојпат навреме се приклучив лигата на Златна Копачка бидејќи ме привлекоа подароците кои се доделуваа во секое коло како и на крајот од сезоната. Не целев на нешто конкретно, се фокусирав само на мојот тим, па ете се испостави дека сум меѓу најдобрите. Овој подарок ќе ми послужи како мотивација за уште подобар пласман во следната сезона.
Каква порака би испратил до фантазерите кои не се дел од нашата лига?
Им препорачувам да се приклучат бидејќи подароците се прекрасни, а напоредно и ќе се забавуваат бидејќи навистина е возбудливо да се натпреваруваш со повеќе од 4.000 активни фантазери.
Некој ќе се, ќе дума и ќе пресметува, а некој како Иван ќе се препушти на забавата и без многу очекувања ќе стигне да биде меѓу најдобрите. Така накратко може да се резимира разговорот со струмичкиот фантазер кој отсега ќе се забавува и со најдобрата гејминг-конзола.
Во меѓувреме, ние се подготвуваме за третата сезона во Фантази Златна Копачка лигата, она што треба да правите е да ги следните нашите објави на социјалните мрежи за навремено да се приклучите во најголемата Фантази лига во Македонија.