ПРЕТПОСЛЕДЕН ОБИД НА ИГОР ДА ОСВОИ ЕГЗОТИЧНО ПАТУВАЊЕ НА МАЛДИВИ, ОВА Е НЕГОВИОТ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ
Објавено на: 08.07.2025
Светското клупско првенство е пред самиот крај, останаа уште да се доиграат полуфиналињата како и мечот за титулата, а со нив завршува и нашата егозична акција за патување на Малдиви или Куба.
Затоа, Игор Трпески реши да се обидеме да ја искористи оваа претпоследна шанса да состави тикет кој покрај добивка, ќе му овозможи да отпатува на една од атрактивните летни дестинации.

Ова е неговата замисла за следните денови:
ФЛУМИНЕНСЕ – ЧЕЛСИ: Победа гостин со 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме
Сините се фаворити во првото полуфинале на СКП, па од тимот на Мареска се очекува да избори пласман во мечот за титула, иако тимот Флуминенсе неколкупати се покажа како тврд орев токму во дуели во кои беше отпишан. Победа на Челси со по барем еден гол во двете полувремиња според Игор е сосема реален тип.
ТНС – ШКЕНДИЈА: Победа гостин
Долг е патот до лигашката фаза во ЛШ за Шкендија, а почнува од Ирска и незгодното гостување кај ТНС. Македонскиот шампион иако не е фаворит во првата квалификациска средба, Трпески верува дека може да се стигне до изненадување.
ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД: Гол-гол 4+
Двата последни европски шампион во мега-дуел ќе одлучуваат кој ќе биде вториот финалист на СКП, па иако и ПСЖ и Реал нема да настапат со комплетни екипи, Игор смета дека голови нема да недостасуваат, односно дека ќе посведочи на еден вистински класик.
ШЕЛБУРН – ЛИНФИЛД: 3+ гола
Првпат се среќаваат во натпреварувачки рамки, додека Линфилд славеше со идентични 2-0 во два од трите контролни дуели во кои Шелбурн ниту еднаш не ја затресе противничката мрежа. Со оглед на тоа дека се квалификации за ЛШ, се очекува поинакво сценарио.
НОРВЕШКА Ж – ИСЛАНД Ж: 1-3 гола во прво полувреме и 3+
Норвежанките веќе обезбедија пласман во нокаут-фазата од Европското за жени и тоа со идентични победи од 2-1 над Финска и Швајцарија. Во оваа нордиска пресметка очекувањата се да има погодоци иако испаднатиот Исланд уште чека да прв погодок на шампионатот.
АЕК ЛАРНАКА – ПАРТИЗАН: Победа гостин
Сигурно забележавте дека во предлог-тикетот на Игор предност добиваат гостинските екипи, па така се обложи и во победа на Партизан на тешкото гостување на Кипар против тимот од Ларнака, во првата квалификациска средба во рамки од Лигата на Европа.
ЖОДИНО – РАБОТНИЧКИ: 3+ гола
Целта на Работнички е со што е можно подобар резултат да се врати од далечното гостување во Белорусија, за потоа на скопско тло да избори пласман во следната квалификациска рунда од Конференциската лига, каде чека Макаби Хаифа. За Игор е важно да има голови во Сомбатели.

Стандардно тикетот го уплаќа со минималниот влог од 70 денари кој е услов за учество во нашата акција, а доколку ја искористите шифрата за брза уплата денес до 20 часот, можете и да уплатите со повеќе средства.
ШИФРА: W07081050444