Соопштенија

ЏИКО ОД СКОПЈЕ БЕШЕ НАЈДОБРИОТ ФАНТАЗЕР ВО ЛИГАТА НА ЗЛАТНА КОПАЧКА ЗА СЕЗОНАТА 2024/25!

Џико Силјановски беше победникот во Генералниот пласман во втората сезона на Фантази лигата на Златна Копачка, за што го доби главниот подарок – iPhone 15!

Клучно беше последното коло во Премиер лигата по кое Џико собра вкупно 2.640 поени, еден повеќе од второпласираниот во Генералниот пласман, и така се покажа дека навистина е најдобар фантазер во сезоната 2024/25.

Во продолежние, поразговаравме со Џико и неговиот пат до iPhone 15.

Колку време играш Фантази Премиер лига?

Ова ми е четврта година како играм. Првата година учев како се игра и како се собираат висок број на поени, додека останатите години се приклучив и во други лиги каде исто така редовно освојував подароци. Многу следам фудбал, тоа ми е пасија, па добро е што можам да го искористам тоа знаење.

Беше дел од дебитантската сезона на Фантази Златна Копачка?

Да, бев еден од тие 4.000 играчи во вашата лига, но не освоив ништо, но ете оваа сезона имав поуспешна стратегија и стигнав да бидам најдобар во Генералниот пласман.

А, која е твојата успешна стратегија?

Секоја сезона наоѓам повеќе извори на информации околу случувањата во англиската лига и како тие се одразуваат на Фантази, во меѓувреме на интернет се појавуваат сè повеќе и повеќе аналитичари, кои доколку внимателно ги следиш можеш да извадиш доста корисни информации. Креатори на содржини на Јутуб и Твитер доста детално анализираат и ги резумираат информациите. Кој играч е повреден, кога се игра двојно коло и слично, е доста важно да се следи навремено за да можеш да направиш трансфери. Обично пред два часа пред почетокот на натпреварите правам измени, ротирам играчи или правам трансфери, менувам капитени по потреба.

Кога сме кај капитените, кој ти беше омилен, односно кој играч најмногу го користеше како капитен?

Логично е да капитенската лента да се ротира меѓу Салах и Халанд, како двајцата играчи кои носат најмногу поени. Сепак, треба да се следи кога играат натпревари со послаби противници, против кои екипи се поефикасни. Но, добро е понекогаш да се користи и некоја трета опција, исто така во однос на тоа дали игра на домашен терен и против која екипа.

Како стоиш со спортската, кога веќе си спортски фанатик?

Играм доста долго време, порано многу повеќе од сега. Се менува животот, наидуваат други обврски и често се нема време да се оди до обложувалница да уплатам. Добро беше кога имаше онлајн обложување, се надевам ќе се врати тоа некогаш во иднина.

За крај, каква порака би испратил до останатите фантазери кои не се дел од нашата лига?

Според мене добро е секој што игра Фантази да се приклучи на лигата на Златна Копачка, бидејќи нема што да изгубат, а може само да добијат. Учеството е бесплатно, она што треба да се вложи е само трпение и време за да собереш што е можно повеќе поени, па да се надеваш дека на крајот од сезоната ќе добиеш некаков подарок.

Тој што ќе го послуша советот на Џико, сигурно следната сезона ќе успее да стигне до некој подарок. Впрочем, на негов начин стигна и да биде најдобар фантазер за оваа сезона. Му честитаме на Силјановски за одличната игра во текот на целата сезона, а вие следете ги нашите објави на социјалните мрежи за да дознаете кога стартува третата сезона во нашата Фантази Златна Копачка лига.