МИОВСКИ СЕ ВРАЌА ВО ЛИГАТА КАДЕ РЕШЕТАШЕ НЕМИЛОСРДНО?
Објавено на: 08.07.2025
Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец и член на шпанска Жирона, во текот на летниот преоден рок би можел да го промени клубот откако се појави голем интерес од два шкотски гиганти, како и два бундеслигашки клуба.
Имено, лутите ривали Селтик и Глазгов Ренџерс ја разгледуваат опцијата да го вратат Миовски во шкотското првенство, каде претходно Бојан ги решеташе мрежите како од шега носејќи го дресот на Абердин. Но, за услугите на голгетерот од Штип се распрашуваат и Хамбургеј и Фрајбург, а Бундеслигата како една од топ 5 лигите во Европа може да го привлече нашиот Мио да се проба во еден поинаков предизвик.
По трансферот во Жирона минатото лето за сума од 6,5 милионие евра, Миовски се мачеше да се адаптира на Ла Лига, па одигра само 17 меча во шпанското првенство со учинок од по два гола и асистенции, има и два погодоци во Купот на Кралот, но не го дочека првенецот во Лигата на шампионите во четирите настапи кои ги запиша.