Фудбал

ПРАВНУКОТ НА МУСОЛИНИ ВО ОДБРАНБЕНАТА ЛИНИЈА НА ЛАЦИО

Нека не те буни насловот, вистина е дека правнукот на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини, ќе игра за првиот тим на Лацио. Флоријани Мусолини, или целото име Романо Бенито Флоријани Мусолини, има 22 години и игра на десната бековска позиција, што значи ќе биде задолжен за одбранбените обврски во тимот кој го предводи Маурицио Сари.

Мусолини може да игра и поофанзивно, односно да ја покрива целата десна страна на теренот, а инаку е продукт на Рома. Од 2016 година ја продолжи кариерата во младинските категории на Лацио, каде по неколку позајмици во пониските лиги во Италија, конечно собра искуство и е подготвен за големата сцена.

Неговиот дедено, Романо Мусолини беше познат италијански пијанист, а има роднинска врска и со познатата актерка Софија Лорен, но негова несреќа, Флоријани засекогаш ќе го поврзуваат со неговиот прадедо, фашистичкиот диктатор од минатиот век.