Тенис

СЕРВИС ЗА РЕКОРД: ФРАНЦУЗИН ГО ИМА НАЈСИЛНИОТ УДАР НА ВИМБЛДОН (ВИДЕО)

Џовани Мпетши Перикар го запечати своето име во историјата на Вимблдон, откако неговиот сервис му донесе рекорден најсилен удар на британското Отворено првенство. Перикар во мечот против Фриц сервираше удар со 246 километри на час, што е најбрз забележан удар на гренслемот во Лондон.

Иако покажа неверојатни физички предиспозиции, севкупниот рекорд во тенисот за најсилен, односно најбрз удар го држи Австралијанецот Сем Грот, кој испрати удар од 263 км/ч на еден турнир во Бусан, Јужна Кореја.