МОЌНО ЗАБИВАЊЕ НА ПОГРЕШНИОТ КОШ, ОД „ДОБИЕН“ МЕЧ Ѝ НАНЕСЕ ПОРАЗ НА СВОЈАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА (ВИДЕО)
Објавено на: 30.06.2025
Нереални сцени за време на еден натпревар на Светското кошаркарско првенство за јуниори – Јуниорската кошаркарска селекција на Камерун на неверојатен начин загуби „добиен“ натпревар откако еден нивен член го заби баскетот во сопствениот кош и им помогна на Австралијанците да го свртат резултатот во последните 50 секунди.
На 48 секунди до крајот при резултат од 74:80, Камерун изведе напад од својата половина, па наместо играчите да тргнат на спротивната страна, еден од нив ја фати топката и моќно ја заби во својот кош, намалувајќи ја предноста на неговиот тим. Австралија потоа успеа да израмни на 83:83 и да го одведе мечот во дополнително време, во кое славеа со 101:96.
Cameroon dunked on the wrong basket in crunch time against Australia.#FIBAU19 pic.twitter.com/OzVlInWcLR
— Can Peker Pekcan (@canpekerpekcan) June 29, 2025