Фудбал

КОЛУМБИСКА ФУДБАЛСКА РОМАНТИКА: 39-ГОДИШНИОТ РОДАЛЕГА ПРВО СЕ РАСПЛАКА, ПА ПОВРЕДЕН ПОСТИГНА ГОЛ ЗА ТИТУЛА (ВИДЕО)

Тимот на Санта Фе по девет години пауза ја освои титулата во колумбиското првенство благодарение на ветеранот Хуго Родалега. Ексфудбалерот на Виган и Фулам доживеа емотивен ролекостер на теренот во клучните моменти од средбата, за на крајот да биде херојот на Санта Фе.

Се играше 78-та минута при резултат од 1-1, кога 39-годишниот офанзивец почувствува болка во препоните. Знаејќи дека едвај се движи, Родалега не можеше да издржи и се расплака, но стегна заби и некако издржа уште еден напад во кој неговиот тим креираше шанса за гол, а токму Хуго се најде на вистинското место во шестнаесетникот и искусно ја заби топката во противничкиот гол за 2-1.

Неговиот гол беше доволен за конечниот исход по кој Санта Фе стигна до 10-тата титула во клупската историја, по речиси една деценија пауза.