Тенис

ШОК НА СТАРТОТ НА ВИМБЛДОН, МЕДВЕДЕВ ЕЛИМИНИРАН ВО ПРВОТО КОЛО (ВИДЕО)

Бенјамин Бонзи приреди големо изненадување во првото коло на Вимблдон елиминирајќи го светскиот рекет број 9 Данил Медведев. Францускиот тенисер триумфираше со 3-1 во сетови (7-6, 3-6, 7-6 и 6-2) за само втора негова победа во кариерата против Топ 10 тенисер.

Откако Медведев го загуби првиот сет во тајбрејк, успеа да израмни на 1-1, но очигледно не му одеше во одлучувачкиот 13-ти гем, па во тајбрејк го загуби и третиот сет, за потоа Бонзи да му одземе два сервиси на Русинот и да го елиминира.

 

Бонзи во второто коло го чека подобриот од Коприва и Томпсон.