Кошарка

МИЛИЈАРДЕР ВО НАЈАВА: КОЛКАВА ЗАРАБОТКА ГО ЧЕКА ПРВИОТ ПИК НА ДАЛАС?

Од година во година сумите ненормално растат кога станува збор за заработката на светските спортисти, особено најдобрите во глобалните спортови како фудбал, кошарка, тенис…

Овојпат медиумите од САД обелоденија колкава заработка го чека носителот на НБА драфтот за 2025 година, Купер Флег. Првиот пик на Далас според руки-договорот ќе заработи ќе заработи 62 милиони долари, а доколку остане во франшизата од Тексас, му следуваат два супермакс договори, и тоа:

Супермакс договор од 30% зголемување, или вкупно 359 милиони долари, за следниот супермакс да му изнесува дури 509 милиони долари. Со оглед на тоа дека Флег има само 18 години, вкупната сума од речиси една милијарда долари ќе ја инкасира до својата 32-годишна возраст.

Надреално…