Тенис

СПАРИНГ, А ИГРААТ КАКО ДА Е ФИНАЛЕ: НОВАК И КАРЛОС ЗАЕДНО СЕ ЗАГРЕВАА ЗА ВИМБЛДОН (ВИДЕО)

Во исчекување на стартот на неофицијалното Светско тениско првенство, или попознато како Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас тренираа заедно на централниот терен.

Алкарас како бранител на титулата го покани најтрофејниот тенисер на спаринг меч во кој се загреваа пред тешкиот период кој е пред нив.

Иако беше само тренинг-меч кој заврши со реми од 5-5 во гемови, Новак и Карлос се вложуваа како да е финале. Впрочем, тие двајца се единствените активни тенисери со освоени титули на британското Отворено првенство, нормално е тренинзите да им се одвиваат на високо ниво.