Фудбал

БЕНЗЕМА 2.0? ЧАБИ АЛОНСО БРУСИ ДИЈАМАНТ ОД РЕАЛОВАТА ШКОЛА (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во нокаут-фазата од СКП по победата од 3-0 над Салцбург, а во овој меч уште еднаш се потврди дека Чаби Алонсо најде вистински бисер во младинскиот сектор на Кралевите.

Гонзало Гарсија повторно стрелаше, го постигна својот втор гол на првенството, а има и една асистенција што значи дека придонесува за погодок на 75 минути поминати на теренот. Придонесот од ова првенство речиси сигурно ќе му донесе и минутажа за првиот тим на Реал во новата сезона, бидејќи Алонсо покажува дека има доверба во младиот голгетер кој до неодамна играше за резервниот тим.

Шпанскиот 21-годишен голгетер погоди за 3-0 во второто полувреме откако одлично се снајде по проигрувањето од Трент. Покажа смиреност да ја искористи грешката на противникот и искусно да ја затресе мрежата со лоб преку голманот. Нешто слично како во стилот на Карим Бензема, легендарниот реалов напаѓач.