Фудбал

ЈАМАЛ СТРЕЛА И НАДВОР ОД ТЕРЕНИТЕ: ДЕВОЈКАТА СО КОЈА Е НА ЛЕТУВАЊЕ Е 13 ГОДИНИ ПОВОЗРАСНА ОД ЛАМИН?!

Ултраталентираниот тинејџер на Барселона, Ламин Јамал, максимално ужива во слободните денови по успешниот крај на сезоната со Барселона.

17-годишниот шпански офанзивец моментално е на летување во Италија, од каде протекоа шпекулации дека е во друштво на 30-годишната стјуардеса и инфлуенсерка, Фати Васкес. Според шпанските медиуми, Јамал демантира дека е во врска со 13 години повозрасната девојка, но според објавите на двајцата на социјалните мрежи, сомнежите се зајакнаа откако објавуваа исти или слични локации, во ист период во денот.

Иако има 17 години, Јамал на теренит лесно се снаоѓа со повозрасните противници и често ги понижува со фудбалските способности, а очигледно нема проблем да стрела и надвор од терените, кога на спротивната страна има повозрасна „противничка“.