Фудбал

СУПЕРКОМПЈУТЕРОТ ПРЕСМЕТА: ЛИВЕРПУЛ ЌЕ ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА, ЈУНАЈТЕД ПОВТОРНО ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ ОД ТАБЕЛАТА

Утринава Премиер лигата го обелодени распоредот на натпревари за сезоната 2025/26, а веќе во првото коло ќе гледаме дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал. Англичаните во меѓувреме се позаминаваа со предвидувања околу крајниот исход на сезоната, која екипа на кое место ќе заврши, а пресметката е направена врз основа на минатосезонаската форма на тимовите како и самиот распоред на натпреварите.

Суперкомпјутерот вели дека Ливерпул ќе ја одбрани титулата во англискиот шампионат, со 24 победи и само четири порази во 38 меча. За разлика од минатата сезона, овојпат се предвидува Сити да биде вицешампион, додека на третото место е Арсенал. Топ 4 ќе се комплетира со Астон вила, Њукасл е на петтото, а Челси на шестото место.

Она што е интересно, суперкомпјутерот предвидува дека Манчестер јунајтед повторно нема да биде меѓу првите 10 екипи, односно ќе ја подобри позицијата за едно место, на 14-тата позиција. Екипи кои би испаднале, всушност се повратниците во елитата – Барни на 18-то, Лидс на 19-то и Сандерленд на последното 20-то место.