Фудбал

ДИН ХЕНДЕРСОН ОТКРИ СО ШТО ГО ИСПРОВОЦИРА ПЕП

Кристал Палас и неговите фанови се на седмо небо, откако во нивната 121 годишна историја стигнаа да го освојат својот прв трофеј и тоа не било каков туку големиот пехар од ФА Купот.

По 90 минути игра и судиско продолжение од 10 минути, фановите на Кристал Палас еруптираа на Вембли, а освен нивното славје, финишот на натпреварот го одбележа вербалниот дуел помеѓу голманот на сега веќе ФА Куп шампионите и тренерот на Манчестер Сити.

Многу се шпекулираше што беше кажано помеѓу двајцата, но по натпреварот Дин Хендерсон откри:

Отидов само да се поздравам со него, но тој беше нервозен бидејќи сум го трошел времето. Му реков ете, барем ги доби и посакуваните 10 минути. Но секако, нема тука никаква лоша лична намера.

Гвардиола, воопшто не сакаше да го коментира дуелот со Хендерсон, па само додаде:

Одигравме многу подобро отколку кога ги совладавме во Премиер лигата со 5:2 и многу подобро од ланското финале против Јунајтед (Сити тоа го загуби со 2:1).