Тенис

ЗОШТО АЛКАРАЗ ИМА ЦРНА ЛЕПЕНКА НА НОСОТ?

Додека трае првиот сет од мега-мечот помеѓу Синер и Алкараз во финалето на мастерсот во Рим, ви ја откриваме причината поради големата промена во аутфитот кај Шпанецот, односно црната лента на носот.

Многумина би рекле дека станува збор за некоја мала скршеница на носот, но не станува збор за такво нешто воопшто. Ваква мала лентичка Алкараз носеше на минатогодшниот АТП Мастерс финален турнир во Торино, тогаш во розева боја, но таквиот „тренд“ продолжи и по Австралија Опен, односно на мастерсот во Ротерам.

Тогаш тој откри дека откако се вратил во Шпанија од Австралија, настинал и не се чувствувал добро, што се одразило на неговиот тренажен процес, што морал да употреби вакви ленти за назална конгестија и потешкотии во дишењето, за да може да ги издржи натпреварите.

Сепак, како одминуваше времето, овие ленти станаа негов може да се каже заштитен знак, па Шпанецот продолжи да ги носи и во преостанатиот дел од сезоната. Според Sleep Foundation, овие ленти не само што помагаат во опоравувањето од настинки и затнат нос, туку и го зголемуваат протокот на воздух низ носот и го подобруваат дишењето.

Ваква лента од неодамна почна да носи и Руд, па се чини дека ова е некој нов тренд за подобрување на перформансите на спортистите во тенисот, а зошто да не наскоро и во другите спортови?

Модерен „допинг“ или можеби нов начин да се подобри перформансот во се уште „сивата“ зона кога се во прашања овие помагала?