Фудбал

ПОТВРДИЈА И МАРКА И РОМАНО: ЈАСНО Е КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ТРЕНЕР НА РЕАЛ

Џаби Алонсо е наследникот на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, потврдија доброинформираниот Фабрицио Романо, како и мадридскиот весник „Марка“.

Предводникот на Леверкузен по крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на бундеслигашот и ќе потпише тригодишна соработка со Кралевите, со што ќе почне нова ера на „Бернабеу“.

Како што е познато, Анчелоти ќе ја заврши својата приказна во Реал по Светското клупско првенство, а веднаш потоа на сцената ќе стапи Алонсо.

Чаби беше врвен фудбалер носејќи ги дресовите на Сосиедад, Ливерпул, Баерн Минхен и токму Реал Мадрид, а веќе се докажа и како тренер на клупата на Фармацевтите по освојувањето на двојната круна во Германија минатата сезона, со тоа што доминацијата во Бундеслигата беше остварена без пораз.