Фудбал

ПО УШТЕ ЕДНА НЕУСПЕШНА СЕЗОНА, АРТЕТА ОТПИША ЕДЕН ПРВОТИМЕЦ

Арсенал петта сезона во низа ќе ја заврши без трофеј, откако во средата навечер отпадна и од Лигата на шампионите, по полуфиналниот двомеч со ПСЖ кој го загуби со вкупен резултат од 3-1.

Иако амбициите беа големи, Топчиите потфрлија уште еднаш да ги израдуваат навивачите, па англиските медиуми најавија бурно лето за лондонскиот клуб кога станува збор за засилувања и освежување на екипата. Многу имиња се поврзуваат со 13-кратниот англиски првак, но прво Артета ќе мора да се ослободи од некои играчи, за да си ги исполни желбите на трансфер-пазарот.

Се чини дека најдено е жртвеното јагне кое летово ќе биде продадено, а се работи за Габриел Мартинели. Бразилскиот крилен офанзивец иако располага со огромен потенцијал, често е повреден и неконстантен, додека минутажата која ја доби сезонава не ја оправда статистички.

Мартинели дефинитивно е отпишан, Арсенал чека соодветна понуда за 23-годишниот офанзивец, а од оваа продажба средствата ќе се пренаменат за нови аквизиции.