ТИПУВАМЕ

ИГОР И ЗА ОВОЈ ВИКЕНД ПОДГОТВИ „ОПАСЕН“ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ

Петок е, а Игор Трпески внимателно го разлиста новиот билтен на Златна Копачка со цел да најда парови кои ќе му го направат овој предлог-тикет добитен.

Изборот се падна на шест интересни мечеви, меѓу кои е и најглавниот натпревар меѓу Барселона и Реал Мадрид, или попознат како „Ел Класико“.

Па, да го разјасни неговиот избор.

ЛАЦИО – ЈУВЕНТУС: Гол-гол

На „Олимпико“ во Рим ќе се води директна битка за место во ЛШ. Лацијалите дома редовно ја тресат противничката мрежа, а штом очекуваме од домаќините да постигнат гол, тоа значи дека и Јувентус ќе треба да се отвори.

ЖИРОНА – ВИЉАРЕАЛ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ

И двете екипи играат на голови, па се очекува да биде 3+, но за поголем коефициент ќе чекаме барем по еде погодок во двете полувремиња.

ВУЛВС – БРАЈТОН: 2+ гола во второ

Ќе се игра порастеретено со оглед на тоа дека е финиш на сезоната, па затоа очекувањата на Игор се дека ќе има барем два погодоци во второто полувреме, што воедно му одговара за повисок коефициент.

БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД: 1+ гола во прво и 2+ гола во второ

Нема многу за објаснување, ова „Ел Класико“ ќе го реши и шампионот на Шпанија, особено ако слави Барса ќе избега на +7 бода во однос на актуелниот првак. Сите дербија на Барса и Реал сезонава завршија со многу голови, па токму тоа се очекува и на „Монжуик“.

ТОРИНО – ИНТЕР: Победа гостин

Откатко Интер обезбеди ново финале во ЛШ, сега целиот фокус им е кон домашното првенство. Евентуален триумф за Нероаѕурите ќе значи притисок врз Наполи во трката за Скудетото, кој пак вечерта против Џеноа ќе мора да победи.

НАПОЛИ – ЏЕНОА: Победа домаќин и 1+ гола во второ

Не се очекува ништо помалку од победа на тимот на Конте, но, за поголем коефициент очекува да падне барем еден гол и во второто полувреме. На Наполи му се потребни две победи и еден нерешен резултат во последните три натпревари за да обезбеди титула, па не очекува да киксне на домашен терен.

До утре до 16 часот имате време да ја искористите шифрата за брза уплата, а воедно и да одредите со колкав влог ќе го одиграте тикетот. Влогот на Игор стандардно е 200 денари.

ШИФРА: W05091084178