ЛЕГЕНДАРНОТО ТРИО БЕЗ КОЕ ОСТАНУВА КОШАРКАТА
Објавено на: 03.08.2021
Браќата Пау и Марк Гасол најавија пензија од репрезентативниот дрес на Шпанија, додека Луис Скола ја напушта селекцијата на Аргентина. Шпанските икони имаат 41-на и 36 години, додека аргентинскиот ас е врсник со повозрасниот Шпанец.

Олимписките игри во Токио беа последната епизода од богатите кариери на тројцата кошаркари, кои одбележаа една кошаркарска ера. Шпанците доминираа во Европа (2009, 2011, 2015) и имаат две титули на СП (2006, 2019 само Марк).

Скола има титула на ЛОИ во 2004-та кога во полуфиналето беа елиминирани Американците, а во финалето совладана Италија, што е трофејот за кој Марк и Пау сонуваат, односно беа поразени во финалињата 2008-та и 2012-та од САД.