СВЕДОКОТ НА НАЈГОЛЕМИОТ ФУДБАЛСКИ ДЕБАКЛ, ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА
Објавено на: 03.08.2021
Словенечкиот арбитар Дамир Скомина (44), кој прв ја употреби ВАР технологијата во ЛШ, ја завршува кариерата поради повреда на коленото, а неговата нова работна позиција е спортски директор на словенечкиот третолигаш Изола.
Скомина судеше многу силни натпревари, меѓу кои финале во ЛШ и во ЛЕ, на европските и на светските првенства, како и на ЛОИ, но останува запаметено полуфиналето во кое Барселона беше торпедирана од Баерн Минхен со 8:2.