Фудбал

ПЕП ЌЕ ГО УРИВА БРИТАНСКИОТ РЕКОРД ЗА НАСЛЕДНИКОТ НА ДЕ БРУЈНЕ

Јасно е дека после олку лоша сезона на Манчестер сити откако Пеп Гвардиола е тренер на екипата, клубот ќе се пушти во шопинг каков што фудбалот досега не видел. Ќе се трошат милиони како од шега, а најголемата и воедно најтешка задача на Пеп ќе биде да се најде наследник на Кевин Де Брујне.

Всушност, веќе е одбран, само треба да се убеди да потпише за Граѓаните за да заигра на премиерлигашките терени. Нормално, се работи за Флоријан Вирц, младата германска ѕвезда на Баер Леверкузен. Фармацевтите не планираат да го пуштат својот најдобар играч за евтино, а со цел Сити да ја победи конкуренцијата од Реал и Баерн, планира да искешира 150 милиони евра.

Не на рати, без бонуси и клаузули, туку веднаш да исплати 150 милиони евра за Вирц да го облече светлосиниот дрес. Значи, Сити ќе го урива британскиот рекорд за трансфер на еден играч.

Па, ако ова се пролетните најави за тоа какво трансфер лето нè чека, добро ќе биде да ги врземе појасите.