Фудбал

ХУМАНИТАРНИОТ ДУЕЛ МЕЃУ ВАРДАР И ЗВЕЗДА СО ТВ ПРЕНОС ВО ЖИВО!

Вечерва во 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар и Црвена Звезда ќе ги одмерат силите во меч од хуманитарен карактер, кој се организираше во чест на загинатите во трагедијата во Кочани пред еден месец.

Средствата од билетите ќе бидат наменети за семејствата на настраданите и повредените, а се очекува арената да биде максимално исполнета.

Фудбалските љубители исто така ќе може да го проследат натпреварот во живо, откако МТВ и Арена Спорт обезбедија пренос. Преносот ќе биде на каналите на МТВ и Арена Спорт 3.

Во пресрет на натпреварот се очекува на теренот да се појават голем број поранешни ѕвезди и легенди на двата балкански бренда.

Инаку, билети уште може да се набават онлајн, односно билетарата на стадион мометално е отворена до 18 часот.