Фудбал

ЛАПСУС НА ГЕРМАНСКИ „БИЛД“: КОЈ ИНЗАГИ Е ТРЕНЕР НА ИНТЕР? (ФОТО)

Реномираниот германски медиум „Билд“ направи комичен лапсус во своето денешно издание, во најавата за фудбалскиот класик меѓу Баерн Минхен и Интер.

Во делот за анализа на шампионот на Италија, „Билд“ стави фотографија од Филипо Инзаги, братот на Симоне, кој иако беше подобар фудбалер, моментално е далеку од тренерскиот квалитет кој го поседува брат му.

Веројатно е ненамерна грешка, но во случај Германците да не знаат кој Инзаги е тренер на Нероаѕурите, ќе им одговориме ние.