Фудбал

ДЕ БРУЈНЕ И МЕСИ ВО ИСТ ТИМ? ТОА ЌЕ БИДЕ КРАЈ ЗА МЛС

Откако Кевин Де Брујне соопшти дека ја игра последната сезона во дресот на Манчестер сити, повеќе клубови застанаа во редот за преговори да ја ангажираат белгиската ѕвезда.

Интересот од Саудиска Арабија е добро познат, виртуозот на Сити и минатото лето имаше шанса да се пресели на Блискиот Исток пред да одлучи до крај да го испочитува договорот со Граѓаните. Изненадување е саудискиот второлигаш Неом, кој во следната сезона треба да игра во Суперлигата, но исто така невообичаен интерес покажаа Ривер плата, Фенербахче и Галатасарај.

Но, она што јавноста ја интересира е наводниот повик од Дејвид Бекам, односно Интер Мајами. Одлично звучи идејата да се спојат Де Брујне и Меси во еден тим, доминација во МЛС лигата би била очекувана, особено ако се знае дека во Мајами веќе се и Суарес, Алба и Бускетс.

Доколку финансиите и проектот се привлечни за Де Брујне, во залезот на кариерата ќе добие шанса да заигра покрај Меси во ист тим, па и да освојат некој трофеј заедно.