Фудбал

ПЕНАЛЏИИТЕ НИЗ ЕВРОПА – СЕ ЗНАЕ КОЈ Е НА ПРВОТО МЕСТО

Контроверзните судиски одлуки не се намалија по воведувањето на ВАР-технологијата пред неколку сезони. Напротив, добивме уште повеќе спорни ситуации во кои ниту ВАР, а ниту арбитрите секогаш одлучуваат веродостојно. Но, она што се зголеми е бројот на изведување пенали, односно најстроги казни.

Сезонава во топ 5 лигите во Европа, најмногу удари од белата точка изведе Реал Мадрид, што и не е некое изненадување.

Кралевите досега добија 16 пенали од кои реализираа 11, што е слаб процент на реализација од страна на играчите на актуелниот шпански и европски првак. Последниот го промаши Винисиус изминатиов викенд против Валенсија, по што Реал го загуби дуелот со 2-1. Дури 5 промашени пенали е рекорд во една сезона за гигантот од Мадрид, а треба да се знае дека промашија вкупно четири во изминатите три сезони.

На листата за Реал е Баерн Минхен. Баварците реализираа 14 од вкупно 15 пенали, единствениот промашен пенал е на Гнабри во поразот од Хофенхајм со 3-2. Ливерпул е на третото место со 12 погодени од вкуно 13 пенали, па следува Барслеона која е перфектна со 10 гола од исто толку пенали. На петтото место е Милан со 5 реализирани од вкупно 9, па Арсенал со 4 реализирани пенали од вкупно 7.