НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО, ГАБРИЕЛ ОДИ ПОД НОЖ
Објавено на: 03.04.2025
Заврши сезоната за Габриел Магалес, потврди Арсенал во официјалното соопштение во кое е наведена сериозноста на повредата на задната ложа.
Бразилскиот стопер ќе мора да оди на операција за комплетно да го санира проблемот, а во клубот се надеваат дека рехабилитацијата ќе се одвива без проблеми, па Габриел ќе биде подготвен за стартот на следната сезона.
Ова значи дека Топчиите ќе бидат ослабени во четвртфиналниот двомеч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а со скрпена одбрана ќе ги одиграат и преостанатите натпревари во Премиер лигата.