Фудбал

СКАНДАЛ НА СКАНДАЛИТЕ: БУГАРСКИ СУДИЈА СЕ КЛАДИ НА МЕЧОТ НА КОЈ РЕГУЛИРА ВО ВАР-СОБАТА (ФОТО+ВИДЕО)

Шокантно не е доволно да се опише ситуацијата во која беше фатен еден од тројцата судии во ВАР-собата за време на натпревар во бугарската лига.

Имено, ТВ-преносот пушти кадар во ВАР-собата во моментот кога еден од судиите раководеше со својот мобилен телефон, односно беше активен на веб-страница за онлајн обложување, а според информациите, се работи токму за натпреварот на кој бил надлежен.

Инцидентот експресно стана вирален на социјалните мрежи, а засега не е познато дали фудбалската федерација на Бугарија ќе покрене истрага за овој скандал.