Фудбал

БАРСА ВО НОВИ ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ, ЛА ЛИГА НЕ ГИ ПРИЗНАВА ПАРИТЕ ОД ПРОДАДЕНИТЕ ВИП МЕСТА

Барселона одново се соочува со финансиски проблеми откако Ла Лига ги одби средствата во износ од 100 милиони евра од продадените ВИП-места на новиот „Камп ноу“.

Ова значи дека на Каталонците не им е дозволено да ги регулираат финансиите и да избегнат казна поради кршење на правилата на финансискиот ферплеј. Дополнителна, а можеби и поголема мака е регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, која повторно е неизвесна поради одбивањето на Ла Лига.

Како што стојат работите, Барса засега е под закана да биде казнета, но овој случај се води веќе подолг период, па нема да биде изненадување доколку има нов пресврт. Претседателот Лапорта изминатиов период правеше сè што е во негова можност за клубот да застане на стабилни нозе, но се чини дека продажбата на ВИП-местата не е доволно за да се подмират финансиските предизвици.