БЕК ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ГИ ЛЕЧИ РАНИТЕ НА ЛИВЕРПУЛЦИ
Објавено на: 28.03.2025
Трент Александер-Арнолд веќе е минато за навивачите на Ливерпул, се чека само крајот на сезоната по што ќе се слави титулата во Премиер лигата, но и разделбата со англискиор репрезентативец.
Одлуката на миленикот на Црвените да се пресели во Реал Мадрид без отштета резултираше со навлекување на гневот, фановите воопшто не се задоволи од изборот на Трент и се чувствуваат изневерено. Сепак, управата не седи со скрстени раце и веќе најде негова замена.
Според неколку англиски медуми, Ливерпул е блиску да постигне договор со Леверкузен околу услугите на Џереми Фримпонг, експлозивниот бек и еден од најдобрите поединци на актуелниот германски шампион. Наводно е прифатена понудата од 50 милиони евра, односно толку изнесува клаузулата на холандскиот репрезентативец.
Фримпонг сам најави дека ова е последната негова сезона како Фармацевт, а се чини дека веќе си ја обезбеди иднината со преселба на „Енфилд“.