ИГОР СО ПЕТ ЗИЦЕРИ НАПАЃА СОЛИДНА ДОБИВКА
Објавено на: 28.03.2025
По двонеделната репрезентативна пауза ни се враќа клупскиот фудбал, а Игор Трпески го пречека со отворени раце и разлистан билтен на Златна Копачка.
Таму ги најде најдобрите коефициенти за паровите кои ги одбра за типување, а за овој тикет на колото се одлучи да напаѓа добивка со пет зицер типови.

ЈУВЕНТУС – ЏЕНОА 1 и 2+ гола
Игор Тудор ќе дебитира на клупата на Бјанконерите откако ја презеде од Тијаго Мота пред неколку дена, па сите очекуваат поинакво издание на Старата дама против незгодната Џеноа. Игор типува кец и барем два гола на средбата бидејќи Џеноа е далеку од зоната за испаѓање, а Јуве се бори за пласман во Лигата на шампионите.
БАЕРН М. – СТ. ПАУЛИ 1-1 и 3+
Баварците итаат кон титулата во Бундеслигата, иако Компани деновиве мака мачи со повреди во одбранбената линија. Ќе ги нема главните адути Дејвис и Упамекано, но и со комбиниран состав Баерн не би требало да има проблем против екипата од долниот дел на табелата.
РЕАЛ М. – ЛЕГАНЕС 1-1 и 3+
Овој дуел за Реал ќе послужи како спаринг меч во кој ќе се загрева за дуелите против Арсенал во Лигата на шампионите. Кралевите се неприкосновени кога играат дома против Леганес, добивајќи ги сите четири средби со просек од три постигнати гола по натпревар. Така Трпески очекува да биде и сега.
ФИОРЕНТИНА – АТАЛАНТА гол-гол и 3+
Можеби и најлесниот тип за оваа средба, знаејќи дека двете екипи играат офанзивен и атрактивен фудбал со намера секогаш да постигнат што е можно повеќе погодоци. Во четири од последните пет меѓусебни средби, исходот бил три или повеќе гола на двете страни.
Б. ДОРТМУНД – МАЈНЦ 1 и 2+ гола
Одамна не се случило Милионерите да имаат повеќе порази отколку победи во Бундеслигата, а сега им следува тежок дуел против сензацијата во германскиот шампионат. Мајнц игра сезона за паметење и се бори за пласман во Лигата на шампионите, но овојпат Игор се потпре на актуелниот европски вицепрвак и очекува триумф на домаќините.

Петте натпревари се предвидени за сабота и за недела, првиот почнува во 15:30 часот, што значи дека можете да го одиграте нашиот предлог-тикет дотогаш користејќи ја шифрата за брза уплата. Влогот на Игор е 200 денари, но вие одлучете сами колку ќе уплатите.
ШИФРА: W03281130819