ТЕЖОК УДАР ЗА БАЕРН, ЗАВРШИ СЕЗОНАТА ЗА ДЕЈВИС
Објавено на: 26.03.2025
Ужасни вести за Баерн Минхен во клучниот дел од сезоната, Алфонсо Дејвис ги скина внатрешните лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена.
Брзоногиот бек се повреди вчеравечер играјќи за својата репрезентација Канада во дуелот против САД, а неколку добро информирани медиуми пренесоа дека на Дејвис му следува пауза од минимум шест месеци.
Повредата доаѓа во најлош можен момент за него и за Баварците, знаејќи дека гигантот од Минхен е на пат да ја обезбеди титулата во Бундеслигата, а веќе во следните две недели ги очекува двомеч против Интер во 1/4 финалето од Лигата на шампионите.
Дејвис сезонава беше еден од позначајните играчи во составот кој го предводи Венсан Компани, одигрувајќи 31 меч во сите натпреварувања, со учинок од по три погодоци и асистенции.