НЕВЕРОЈАТЕН НАГРАДЕН ФОНД ЗА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО, ПОБЕДНИКОТ ДОБИВА 125 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Објавено на: 26.03.2025
Награден фонд без преседан, потврди ФИФА за Светското клупско првенство кое летово ќе се игра по нов формат. Отсега на ова натпреварување ќе учествуваат дури 32 екипи, поделени во 8 групи, информации кои веќе беа познато, а сега е познат и наградниот фонд.
Вкупно една милијарда американски долари ќе се поделат меѓу 32 екипи, додека победникот на шампионатот вкупно ќе заработи дури 125 милиони долари. Добар дел од средствата ќе се искористи и за развој на клупскиот фудбал во сите 211 федерации кои се под капата на Светската фудбалска куќа, а како што претседателот Инфантино напомена, ниту цент од наградниот фонд и вкупниот обрт од првенството нема да остане за ФИФА.
Од претходно се знаат и сите 32 учесници од целиот свет, а тие се:
Ал Ахли, Ал Аин, Ал Хилал, Атлетико Мадрид, Оукленд сити, Баерн Минхен, Бенфика, Бока јуниорс, Борусија Дортмунд, Ботафого, Челси, Клуб Леон, Есперансе, Фламенго, Флуминенсе, Интер Мајами, Интер, Јувентус, Мемелоди сандаунс, Манчестер сити, Монтереј, Пачука, Палмеирас, ПСЖ, Порто, Реал Мадрид, Ривер плата, Салцбург, Сиетл саундерс, Улсан, Урава редс и Видад.
Првенството почнува на 15 јуни и ќе се игра до 13 јули годинава.