Фудбал

АНГЛИЧАНЕЦОТ ОДЛУЧИ, НАВИВАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ СЕ ЧУВСТВУВААТ ИЗНЕВЕРЕНИ

По долга битка Реал Мадрид ќе ги добие услугите на Трент Александер-Арнолд, според информациите кои кружат уште рано утринава. Англискиот десен бек одлучил по крајот на сезоната да го напушти својот матичен клуб и кариерата да ја продолжи на „Бернабеу“.

Трент е еден од тројцата главни играчи на Црвените на кои им истекуваат договорите по крајот на сезоната, па иако се збореше дека управата работи на продолжување на соработките, се чини дека досегашниот миленик на Ливерпул ги презеде работите во свои раце. Засега нема официјална потврда за ангажман меѓу Кралевите, но повеќе добро информирани новинари и медиуми пренесоа дека работата е готова и се чека само официјализација.

Навивачите на Ливерпул не ја примија добро оваа вест, па веднаш му свртеа грб на Арнолд во знак на протест околу неговата одлука, но и фактот што се чувствуваат изневерени. Дел од нив повикуваат Трент повеќе да не игра за екипата на Слот до крајот на сезоната, иако тимот е на самиот праг да ја освои Премиер лигата. Други пак, веќе го бришат од клупската историја и го нарекуваат двочилен.