Кошарка

ИРВИНГ ВО СТИЛОТ НА КОБИ: ПОВРЕДЕН ШУТИРАШЕ СЛОБОДНИ И ГИ ПОГОДИ (ВИДЕО)

Далас ноќеска го загуби дуелот против Сактаменто со 98:122 на домашен терен, а голем фактор беше повредата на Кајри Ирвинг по која домаќините останаа без својата прва ѕвезда пред крајот на првата четвртина.

Ирвинг се здоби со повреда на коленото по еден незгоден пад, па иако му беше потребна помош за да стане и воопшто да чекори, собра сили да ги изведе двете слободни фрлања. Популарниот „вујко Дру“ ги погоди двете фрлања за оваации од трибините, а потоа беше изнесен од теренот.

Знаејќи дека Коби Брајант му е идол, Кајри го стори истото што и Црната Мамба во април 2013 година. Коби тогаш ги скина лигаментите на ахиловата тетива, но сепак стисна заби и застана на линијата за слободни фрлања, ги погоди двете и се одјави од мечот.