НОВО ПРАВИЛО ЗА ГОЛМАНИТЕ СТАПУВА НА СИЛА ОД СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Објавено на: 03.03.2025
Од следната сезона на сила стапнува ново правило кое се однесува на голманите, одлучи Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации (ИФАБ).
Имено, голманите не ќе можат да ја држат топката во рацете повеќе од 8 секунди, а доколку го прекршат правилото, судијате ќе биде приморан да додели корнер за противничката екипа. Арбитарот ќе чека 3 секунди пред да ја крене раката, а откако ќе ја крене, почнува одбројувањето од 5 секунди, време во кое голманите ќе мора да се ослободат од топката.
И досега постоеше слично вакво правило кое не се применуваше, односно многу ретко кога се спроведуваше, па голманите злоупотребуваа и ја држеа топката во раце многу подолго од предвиденото време.
Со новото правило се очекува да се убрза активната игра.