Фудбал

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 25 ГОДИНИ…

Тренерот што е избран за наследник на Алекс Фергусон, на денешен ден во 1996-та потпиша за Манчестер Јунајтед. Оле Гунар Солскјер беше најголемиот џокер на шкотскиот стратег кој две децении ги тресеше Англија и Европа, со неговата машинерија од Олд Трафорд.

Норвежанецот ја доби довербата на управата на Црвените ѓаволи и со новиот тригодишен договор, тој е најдолговечниот тренер (2018 – ?) кој останал на клупата на овој клуб, по заминувањето на Сер Алекс во пензија.