Фудбал

НАЈУБАВ ДИЗАЈН НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ГИГАНТИ?

Земјата на модата, земјата на гламурот, земјата на убавината, земјата на фудбалот – Италија е новиот европски првак од последното ЕП, а ова се најновите дресови на четирите најуспешни екипи во историјата на калчото:

Juventus

Бјанконерите немаа којзнае каква сезона зад себе, беа симнати од престолот по 9 сезони. Последен шампион пред нив беше Милан, а по нив е Интер. Сепак, традицијата е на страната на 35-кратниот шампион со 67 трофеи во витрините:

AC Milan

Росонерите беа лидери во 3/4 од шампионатот минатата сезона и кога јавноста беше убедена дека ќе го освојат 19-то Скудето, се случи најиталијанската режија. Триумфира нивниот градски ривал, заслужено и со подобар скор во меѓусебните дуели. Милан останува најуспешниот италијански клуб во Европа, со 7 титули и втор најуспешен во Италија, со вкупно 48 пехари:

Internazionale

Интер е последниот италијански шампион, екипата што освоила 39 пехари досега од кои 19 домашни титули, третопласираната на вечната листа на италијанските екипи. Се уште се сеќаваме на тројната круна, која Пандев ја освои заедно со Мурињо, во 2010-та година:

 

 

AS Roma

Римската волчица ја освои титулата во 2001-та, со Тоти во сотавот, но оттогаш е само епизодист во италијанското калчо. Со доаѓањето на Жозе Мурињо нештата сигурно ќе се променат, но да видиме во кој правец. Трикратниот италијански шампион е на четвртата позиција на вечната листа, според пехарите освоени од страна на италијанските клубови:

Лацио

Нов тренер, нова сезона и нов дрес за Лацијалите.

Наполи

Дресот на Наполи и на нашиот Елмас е исто така еден од најпрепознатливите во Италија.

Кој дизајн на дресот, ви се допаѓа најмногу?