ФЕРНАНДЕС: ОДИМЕ НА ОСВОЈУВАЊЕ НА СИТЕ ТРОФЕИ ОВАА СЕЗОНА
Објавено на: 29.07.2021
Еден од најистакнатите фудбалери на Манчестер Јунајтед од претходната сезона најавува конечно освојување на трофеи од сезоната која доаѓа.
Со доаѓањето на Санчо и Варан на Олд Трафорд, апетитите во црвениот дел на Манчестер се зголемуваат. Истото може да се забележи и од најавите на Бруно Фернандес, според кого претходната сезона без ниту еден трофеј нема да се повтори и оваа сезона.
Ланската сезона среќата не беше на нашата страна и не успеавме да освоиме ниту еден трофеј. Игравме во финалето на Лига Европа, но несреќно за нас загубивме. Без разлика на тоа кој ќе дојде, а кој ќе си замине, ние одиме на освојување на сите трофеио во секое натпреварување во кое учествуваме.
Веќе 9 години, Манчестер Јунајтед е без освоена титула во Премиер лигата. Дали новите засилувања и веќе воиграниот тим може да го детронизираат соседот од Манчестер?